Осмиот Македонски математички конгрес е меѓународен настан и е отворен за сите области на математиката и нејзините примени. Програмата на Конгресот се состои од пленарни предавања и кратки соопштенија.
Научни секции
Кратките соопштенија припаѓаат на следниве секции:
- Секција 1: Реална, комплексна и функционална анализа, диференцијални равенки
- Секција 2: Алгебра и дискретна математика
- Секција 3: Топологија и динамички системи
- Секција 4: Геометрија и диференцијална геометрија
- Секција 5: Веројатност, статистика и применета математика
- Секција 6: Математичко образование
Официјални јазици на конгресот се македонски и англиски.