Струга се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, на северниот брег на Охридското Езеро. Учесници од странство можат да пристигнат во Струга преку меѓународните аеродроми во Охрид и Скопје, во комбинација со превоз до градот.
Пристигнување со авион
Аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид
Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид е најблискиот меѓународен аеродром до Струга и најпогодната опција за учесниците кои можат да најдат соодветни авионски летови.
Аеродромот се наоѓа на блиску и до Струга. На патниците им се достапни такси превоз и приватен трансфер, но не постои редовна автобуска линија за превоз на патници меѓу Струга и аеродромот.
На учесниците им се препорачува да организираат превоз однапред или да ја потврдат цената на такси превозот пред почетокот на патувањето.
Меѓународен аеродром Скопје
Меѓународниот аеродром Скопје нуди дополнителни можности за меѓународни авионски врски.
Аеродромот е поврзан со центарот на Скопје и со Меѓуградската автобуска станица преку директна автобуска линија на Erak Transporter.
- Цена на билетот: 199 денари во еден правец.
- Возен ред и постојки: Erak Transporter – официјална веб-страница.
- Информации за превоз: Меѓународен аеродром Скопје – автобуски превоз.
Билетите може да се купат преку интернет или на овластените продажни места на превозникот. Поаѓањата на автобусите од аеродромот се усогласуваат со распоредот на летовите, па затоа на учесниците им се препорачува да го проверат актуелниот возен ред непосредно пред патувањето.
Како алтернатива, учесниците можат да организираат такси превоз или приватен трансфер директно до Струга.
Патување од Скопје до Струга со автобус
Скопје и Струга се поврзани со редовни меѓуградски автобуски линии. Повеќето автобуси поаѓаат од Меѓуградската автобуска станица во Скопје, која се наоѓа веднаш до главната железничка станица.
Патувањето обично трае приближно 3–3,5 часа, во зависност од превозникот и услови на патот.
Цената на билет во еден правец изнесува 900–1000 денари. Цените и возните редови може да се разликуваат меѓу превозниците и да се променат до одржувањето на Конгресот.
Учесниците можат да го проверат времето на поаѓање и да добијат информации за билетите преку:
- Bileto: возен ред и цени на билети Скопје–Струга
- Rule Turs: автобуски билети и резервации
- Martinoski: меѓуградски автобуски превоз
Учесниците кои пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје можат да пристигнат на Меѓуградската автобуска станица со автобус директно од аеродромот, од каде што со меѓуградски автобус можат да продолжат до Струга.
Местото на одржување на Конгресот, хотелот „Дрим“, се наоѓа во централниот дел на Струга. Повеќе детали во врска со хотелот и неговата местополжба може да погледнете на страницата Локација.
Визи и услови за влез
На учесници од странство им се препорачува навремено да проверат дали им е потребна виза за влез во Република Северна Македонија.
Условите за влез зависат од државјанството, патните исправи и важечките прописи. Им советуваме на учесниците на кои им е потребна виза да ја започнат постапката за нејзино добивање доволно долг временски период пред планираното патување.
За официјални и ажурирани информации, посетете ја веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – визен режим.
Учесниците треба да проверат и дали нивните патни исправи ги исполнуваат важечките услови за влез во државата.
Менување на валути и практични информации
Официјалната валута на Северна Македонија е македонскиот денар (MKD). Странските валути може да се заменат во банки и овластени менувачници. Тековните девизни курсеви за промена на валути учесниците можат да ги добијат на следните врски:
Напомена: Точните девизни курсеви кои ги применуваат банките, менувачниците и давателите на платежни услуги може да се разликуваат од информативните курсеви прикажани на интернет.
Плаќање со кредитни и дебитни картички е можно во хотели, ресторани и во поголеми продавници, но се препорачува учесниците да имаат и одредена сума готовина за помали трошоци и за локален превоз.
На учесниците им се препорачува непосредно пред поаѓањето повторно да ги проверат возните редови, цените на билетите и условите за патување бидејќи истите може да подлежат на промени.
Се радуваме на Вашето учество и со задоволство ве очекуваме во Струга!