Training Seminar


A training seminar for teachers in primary and secondary education will be held during the VII Congress, under the following title:

STRATEGIES FOR ENCOURAGING CREATIVITY IN TEACHING MATHEMATICS

Main instructor: Valentina Gogovska, Associate Professor at the Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Skopje

Duration: 2 days.

Application deadline: June 7, 2023.

Summary. Mathematics educators have a great challenge to foster the development of higher order thinking skills in students, such as formulating and solving problems, reasoning and communicating ideas and solutions. The purpose of this training is to involve teachers in encouraging creativity in students (for both primary and secondary school students), through regular mathematics instruction by using suitable strategies for developing creative thinking skills, in particular, mathematical problems and other instructional materials. We expect a fruitful discussion about creativity in the teaching process. Some current, open issues related to it will be encouraged. 

A workshop entitled by

ON SOME POSSIBLE FORMS OF CREATIVITY DEVELOPMENT IN TEACHING MATHEMATICS

will be held as part of the training.

Main instructor: dr. Vojislav Andrić, Mathematical club “Diofant”, Valjevo
Duration: 2 hours.
Application deadline: June 7, 2023.

Summary. Creativity researchers prove that creativity is a gift and that cannot be taught. But they also believe that creative behavior can be developed and encouraged. In teaching mathematics, there are several ways to encourage the student to be creative.

The aim of this methodical workshop is to demonstrate some of the possible forms of developing students’ creativity in mathematics lessons using concrete examples (problem situations). Specifically, the following forms will be discussed:

1. Solving problems by analogy
2. Solving problems in many different ways
3. Non-standard solving of known problems
4. Originality in solving unknown problems
5. Solving problems using logical – combinatorial abilities
6. Formulation of original problems
7. Inverse problem solving
8. Refutation of incorrect hypotheses
9. Developing sensitivity to generalizations
10. Observing invariance
11. Developing the ability to quickly determine the existence of a solution to a problem
12. Construction of a mathematical object that satisfies the given complex conditions
13. Direct, but non-obvious application of mathematical theorems, rules, assertions
14. Indirect and non-standard application of mathematical theorems, rules, assertions
15. Developing the ability to solve an unknown problem by breaking it down into several known problems
16. Independent discovery of unknown, but known to mathematical science, mathematical statements, rules, theorems
17. Application of mathematical knowledge in non-standard life situations
18. Solving geometric problems with algebraic methods
19. Solving algebraic problems geometrically
20. Other, interesting forms of developing creativity.

Workshop participants will have the opportunity to present their own experiences from teaching practice, which represent a successful example of developing creativity in mathematics teaching.

After completing the program, participants will receive appropriate Certificate of completed training.

ОБУКА

Стратегии за поттикнување на креативноста во наставата по математика

Во текот на VII Конгрес ќе се одржи семинар за обука на наставници во основно и средно образование, под следниот наслов:

Главен инструктор: Валентина Гоговска, вондреден професор на Природно-математичкиот факултет, Скопје

Времетраење: 2 дена.

Рок на пријавување: 7 јуни 2023 година.

Резиме. Наставниците по математика имаат голем предизвик: од нив се бара да го поттикнат развојот на вештини за размислување од повисок ред кај учениците, како што се: формулирање и решавање задачи, расудување и соопштување на идеите и решенијата. Целта на оваа обука е да се вклучат наставниците во поттикнување на креативноста кај учениците (и од основно и од средно училиште), во редовната настава по математика, со употреба на соодветни стратегии за развој на вештини за креативно размислување, преку математички задачи и други наставни материјали. Очекуваме отворена дискусија за креативноста во наставниот процес и некои тековни, отворени прашања поврзани со тоа.

Во рамки на оваа обука ќе биде одржана работилница насловена со 

ЗА НЕКОИ МОЖНИ ОБЛИЦИ НА РАЗВИВАЊЕ НА КРЕАТИВНОСТА ВО НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА

Главен инструктор: д-р Војислав Андриќ, Математички клуб “Диофант” – Ваљево
Времетраење: 2 часа.

Рок на пријавување: 7 јуни 2023 година.
Резиме. Истражувачите на креативноста докажуваат дека креативноста е талент и дека не може да се научи. Но, тие исто така веруваат дека креативното однесување може да се развие и поттикне. Во наставата по математика постојат неколку начини да се поттикне ученикот да биде креативен.

Целта на оваа методичка работилница е да се демонстрираат некои од можните форми на развивање на креативноста кај учениците на часовите по математика користејќи конкретни примери (проблематични ситуации). Поточно, ќе се разговара за следните форми:

1. Решавање проблеми по аналогија
2. Решавање проблеми на различни начини
3. Нестандардно решавање на познати проблеми
4. Оригинално решавање на непознати проблеми
5. Решавање проблеми со користење логичко – комбинаторни способности
6. Формулирање оригинални проблеми
7. Инверзно решавање проблеми
8. Побивање на неточни хипотези
9. Развивање чувствителност на генерализации
10. Набљудување на непроменливост
11. Развивање на способност за брзо утврдување на постоењето на решение за проблем
12. Конструкција на математички објект кој ги задоволува дадените сложени услови
13. Директна, но неочигледна примена на математички теореми, правила, тврдења
14. Индиректна и нестандардна примена на математички теореми, правила, тврдења
15. Развивање на способност за решавање на непознат проблем со негово разложување на неколку познати проблеми
16. Независно откривање на непознати, но познати на математичката наука, математички искази, правила, теореми
17. Примена на математичките знаења во нестандардни животни ситуации
18. Решавање геометриски задачи со алгебарски методи
19. Решавање алгебарски задачи со помош на геометрија
20. Други, интересни форми на развивање на креативноста.

Учесниците на работилницата ќе имаат можност да ги претстават сопствените искуства од наставната практика, кои претставуваат успешен пример за развивање на креативноста во наставата по математика.

По завршувањето на програмата, учесниците ќе добијат соодветен Сертификат за завршена обука.